(Видео) Срничка нападната од куче спасена на Пелистер

Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче.

-Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник.

Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, напишаа од Националниот Парк на социјалните мрежи.

Back to top button
Close