Адвокатка од Куманово пронајдена почината во својата канцеларија

66-годишна адвокатка од Куманово вчера попладне била пронајдена почината во својата канцеларија.

– На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи, а пренесува локалниот сајт Кумановскимуабети.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција.

Back to top button
Close