Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина, Крмзов е во Систина а таткото на малата Катја е под видео надзор

Директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, во „Претрес со Ландов“, вели дека не е точно дека не е безбедно во затворот, како што тврдеше адвокатот на Артан Груби, и наместо во притвор, обвинителството побара да се прифати домашен притвор за екс-вицепремиерот.

„Бевме во контрола и утврдивме дека безбедносните норми се на ниво.”

Не сакам друго да коментирам и да влезам во политичка конотација.

„Сабајлето во 7:00 го донесоа Груби, во 10:00 го однесовме пред истражен судија“, вели Утковски.

Затворот, познат како затвор Шутка, е изграден во 1968 година на мочуриште. Утковски вели дека условите во затворот сега се подобрени. Од 2024 година низ притворското одделение поминале 1.800 притвореници, а уште 600 во другите делови.

„Кај мене со бело не е фатен никој, системски го решаваме проблемот со внесување телефони во затворот. Кога ќе се обезбедат пари, ќе поставиме блокатори. Не може преку ноќ, а работиме посветено. По две години ми ги дадоа кучињата кои ги барав. Се уште нема доволно кадар“, вели Утковски.

 

Љупчо Палевски, осуден на доживотен затвор за убиството на Вања, е најздрав, вели директорот на Шутка, кај него нема каење.

Бизнисменот Крмзов, вели Утковски, е на лекување во Систина.

Во Шутка е Стојанче Јовановски, осуден на 12 години за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство на сопругата Ивана, која се фрли со шестгодишната ќерка Катја од балкон во Скопје.

Тој е под видеонадзор.

„Таткото на Катја е во добра состојба и не е проблематичен. Само на почетокот имаше инцидент со службено лице. Кога му донесоа да потпише документ, сакаше во состојба на хистерија да се самоповреди, а службеното лице поради пречекорување на овластување е казнето, но Јовановски не беше повреден“, вели Утковски. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close