„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не реагирал и не го осудил, како што велат, дипломатскиот преседан направен од страна на Бугарија, со кој, според партијата, била загрозена безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Од владејачката партија посочуваат дека во јавноста се појавил документ со дипломатска содржина и чувствителни информации кои, според нив, се однесуваат на безбедносни аспекти поврзани со државниот врв.

„Филипче избра молк наместо јасна осуда и барање одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека со објавувањето на дипломатската нота биле откриени детали поврзани со службени возила, имиња на патници, локацијата на престој на семејството на премиерот, како и информации за комуникацијата на обезбедувањето.

Според ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на реакција од страна на СДСМ отвора дополнителни прашања за, како што наведуваат, политичката доследност и приоритетите на опозицијата.

Од партијата додаваат дека, и покрај ваквите случувања и, како што велат, надворешните притисоци, државата ќе продолжи по патот на евроинтеграциите.

Back to top button
Close