Зеленски се справува мошне добро против Русија, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски се справува мошне добро во војната на Украина против Русија.

За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, новинарите го прашаа Трамп дали мисли дека Зеленски ја добива војната во моментов.
„Па, тој се справува доста добро. Погледнете, како и да го гледате, тој се справува доста добро. Барем се држи. Има многу луѓе што умираат од двете страни, но мислам дека се справува доста добро. Мора да му се оддаде признание. Погледнете, мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе. Има борци“,
рече Трамп.
Аналитичарите, пишува „Гардијан“, велат дека Украина сè подобро се држи на бојното поле, но нејзините градови сè уште се цел на смртоносни руски напади.
Трамп и Зеленски се сретнаа неодамна за време на самитот на Г7 во Франција, каде што лидерите се согласија да го интензивираат притисокот врз Русија за да се стави крај на повеќе од четиригодишната војна.






