Левица: Орце во Израел учеше дигитализација или како се убиваат деца?
Соопштение на Левица:
Додека Скопје се дави во ѓубре, додека граѓаните со часови чекаат јавен превоз кој никогаш не доаѓа, а градот тоне во хаос и негрижа, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одлучи да отпатува во Израел на „студиска посета”.

Според неговите објави, таму учел за дигитализација, паметни градови и модерно управување. Но останува прашањето: дали научи и како се изгладнува цел народ? Како се бомбардираат болници и училишта? Како цели градови се претвораат во урнатини? Токму затоа денес активисти на Левица поставија фотографии од Газа пред Град Скопје, за утре никој да не може да каже дека не знаел.
Во време кога Скопје се распаѓа пред очите на граѓаните, Орце Ѓорѓиевски избра да бара слика и политички поени покрај оние што го поддржуваат уништувањето на Газа. Наместо да се занимава со преполните контејнери, нефункционалниот превоз и проблемите на скопјани, тој замина да се поклонува пред интересите на Израел и САД.
Градоначалник кој поддржува политики на воени злосторства и геноцид не е достоен да го раководи градот на солидарноста.






