Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

Недостасуваше само претседателката за целиот државен врв да присуствува на промоцијата на шест реконстуирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје, на почетокот на април годинава. Уште лани во декември, пак, министерот за здравство објави дека е при крај реконструкцијата на КАРИЛ
Ги броиме последните денови од јуни, а ниту се оперира во салите промовирани како комплетно реконструирани, ниту е завршена обновата на КАРИЛ пишува  Славица Филиповска за 360 мк.

Беше 6 април кога делегација во проширен состав, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, се појави на промоција на шест реновирани хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Премиерот го придружуваа министерот за здравство Азир Алиу, првиот вицепремиер Беким Сали, дојде и претседателот на Собранието, Африм Гаши, директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски, а присутни беа и директорите на ресорните клиники.

Од шесте сали што првично се обновуваа – две се за ТОАРИЛУЦ, две за Клиниката за урологија и две за Детска хирургија.Повеќе од потребни се, па добија место и во централните вести. Сепак, два ипол месеци подоцна, шесте реновирани и промовирани операциони сали се уште не се користат. Тоа беше повод да го прашаме Министерството за здравство кое е носител на проектот – каде закочи работата и зошто ако салите не се готови, уште во април се случи промоција.

Повеќе на 360.МК

 

Back to top button
Close