Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос и ова лето се поврзаа со бродска линија

Првиот траект за оваа сезона утрово отплови од Солун кон островите Скијатос, Скопелос и Алонисос, а планирано е како и во изминатите години, бродската линија да функционира во текот на летниот период и ќе сообраќа петпати седмично.

dav

Иако според грчките медиуми цените на билетите остануваат исти како и лани, кога до Скијатос најевтиниот беше 36,70 евра, до Скопелос 40,30 евра и до Алонисос 48 евра, по патник во еден правец, сепак, на официјалниот сајт на компанијата во делот за онлајн купување билети, цената е идентична за сите три острови, почнува од 56,60 евра и достигнува до 87,60 евра во зависност од категоријата на билетот.

За Скијатос патувањето трае три часа и 10 минути, потоа траектот продолжува за Скопелос, каде што стигнува по 40 минути, а за Алонисос од Солун стигнува за четири часа и 20 минути.

Траектите од Солун ќе сообраќаат секој понеделник, вторник, четврток, петок и сабота во утринските часови, а за враќање од островите ќе поаѓаат во понеделник, среда, четврток, петок и недела во попладневните часови.

Претставникот на компанијата Харис Карахарисис посочи дека за денеска и утре траектите се со исполнетост што достигнува до 95 отсто, а првиот траект утрово отплови со 780 патници и 80 возила, додека пак најголем интерес од патниците има за островот Скопелос.

Веќе шеста година е во функција конкретната бродска линија, што според медиумите во Грција е финансирана од Министерството за поморство и перифериите централна Македонија и Тракија.

Back to top button
Close