Дел од жителите на Карпош вечерва ќе бидат без вода
Жителите на улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во скопската општина Карпош вечерва ќе останат без вода поради зафат на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 18 часот, поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“, а ќе трае до завршување на работите.
Според најавите од претпријатието, водоснабдувањето се очекува да биде нормализирано утре околу 12 часот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека, доколку не бидат исполнети потребните технички услови, интервенцијата ќе биде одложена за следниот период






