Во Македонија тече организирана бугарска кампања, тврди Мицкоски

Инцидентите што се случија во последно време во Македонија (од кои најголем е палањето на два автомобили на бугарската амбсада) биле дел од организирана кампања на Софија. Тоа го тврдеше премиерот Христијан Мицкоски во интервју на МТВ.

„Ниски страсти и организирана кампања во овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. Прилично искусен човек, дипломат, на еден наш заеднички разговор многу одамна, пред 7-8 години на почетоците мои како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми рече ако некогаш помислиш дека работите во политиката се случиле случајно, верувај не е така, не си во право, затоа што ти само не си бил информиран тоа што некој го планирал. Така што, јас многу малку верувам во случајност во политиката“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот уште еднаш го нагласи условот за Бугарија да ги спроведе пресудите на Судот за човекови права за правото на здружување на македонското малцинство.

„Нашиот источен сосед има преземено обврски да ги почитува човековите права, ратификувал резолуција, што значи треба да ги обезбеди човековите права на македонската заедница така што овие пресуди од Судот за човекови права од Стразбур ќе ги имплементира. Со други зборови ќе им дозволи на припадниците на македонската заедница да се организираат, културно, социолошки, општествено. Тие тоа не го прават, затоа што таа живковистичка политика која трае со децении, негаторска кон македонскиот идентитет им внесува страв во коски, бидејќи на тој начин тоа здружение ќе има право да има свој претставник во Министерскиот совет за малцинства и ќе се легитимира и идентификува, тоа им е најголемиот проблем“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој уште споеман говор на Румен Равед како претседател во 2019 година во Санкт Петербург каде каде ги присвојувал Кирил и Методиј и велел дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Back to top button
Close