Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – велат од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.

За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента.

Back to top button
Close