(Видео) Жена се породи под урнатините по разорните земјотреси во Венецуела


Во Венецуела, која беше погодена од серија разорни земјотреси, една жена роди бебе под урнатините на срушена зграда. Трагедијата зад себе остави стотици жртви и илјадници луѓе без покрив над главата, откако два силни земјотреси ја погодија земјата во средата навечер.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа жена како лежи на импровизирана подлога на земја, опкружена со луѓе во темнина. Друга жена ѝ помага при породувањето, по што на свет доаѓа бебе кое веднаш почнува да плаче.

По породувањето, новороденчето било завиткано во ќебиња, додека присутните се погрижиле и за мајката.

Според информациите, повеќе од 250 згради се урнале по таканаречениот двоен земјотрес – два силни потреси што се случиле во интервал од само 39 секунди. Првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,2 степени, а вториот со магнитуда од 7,5 степени, според Рихтеровата скала.

Илјадници луѓе останале затрупани под урнатините.

Според официјалните податоци, потврдена е смртта на 589 лица, 2.980 се повредени, а околу 57.000 луѓе се водат како исчезнати.

Американскиот геолошки институт, пак, проценува дека бројот на загинати во катастрофата би можел да достигне и до 10.000 лица.

Back to top button
Close