Скопјанка се онесвести на улица во Тетово – и измериле 1,52 промили алкохол во крвта
Рано утринава на улица во Тетово е пронајдена жена во бессознание. Пренесена е во тетовската Клиничка болница.
Кога се освестила станала агресивна кон персоналот во болницата.
– На 27.06.2026 во 03:57 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, кај угостителски објект имало женско лице во бессознание. Лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничката болница Тетово, каде е утврдено дека се работи за Г.Ш. (41) од скопско, која била под дејство на алкохол, информираа од МВР.
Приведена е во ПС Тетово и со алкотестирање и се измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.






