Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус
На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ пред крстосница со ул.„Ангел Динев“ во Скопје, додека се превезувала во автобус, внатре во автобусот паднала патничката С.З.(52) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопјe.






