Шест кинески генерали разрешени во рамки на кампања против корупцијата

Шест високи офицери на Народноослободителната армија на Кина се разрешени од позициите во Националниот народен конгрес, највисокото законодавно тело во земјата, во рамки на кампањата против корупцијата на претседателот Шји Џинпинг, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Според известување издадено доцна синоќа од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, вкупно 13 членови на законодавното тело се разрешени, а еден поднел оставка.

Освен генерали, меѓу разрешените се и поранешниот врвен финансиски регулатор и поранешниот шеф на Комунистичката партија во регионот Синџијанг.

Сменети се генерал Сју Сјуечанг, генерал-потполковник Ванг Кангпинг, генерал-потполковник Џин Хонгсинг, генерал Ли Фенгбјао, генерал Гуо Пуксиао и генерал-потполковник Џанг Мингхуа. Веќе има индиции дека некои од разрешените команданти на Народноослободителната армија се под истрага.

Back to top button
Close