Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни

– До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на Пехчево.
Пожарот ставен под контрола е на депонија во село Дворци, општина Пласница.
Ниска вегетација горела на територија на општините Валандово, Врапчиште, Гази Баба и Старо Нагоричане. Четирите пожари на овие подрачја биле изгаснати.






