Трагедија кај Нанси: Се урна авион на школа за падобранство, загинаа 11 лица

Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци.
Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека министерот е на пат кон местото на несреќата, каде што е во тек истрага за причините за падот на авионот.






