Бајден го нарече Трамп „губитник“: Никогаш не сме виделе ваква корупција во Америка

Поранешниот американски претседател Џо Бајден упати остри критики кон актуелниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „губитник“ и обвинувајќи го за корупција, неспособност и нарушување на угледот на САД.
Говорејќи на свечен настан организиран од Демократската партија во сојузната држава Мериленд, Бајден остро ги критикуваше низа потези на Трамп, меѓу кои и промените во изгледот на Вашингтон, вклучително и уривањето на Источното крило на Белата куќа за изградба на нова сала.
„Каков губитник“, рече Бајден, осврнувајќи се на проектите што, според него, се резултат на лична суета.
Тој ја обвини администрацијата на Трамп за „дрска и очигледна корупција“ каква што, според него, не била забележана во американската историја.
Бајден особено го критикуваше доделувањето на договор вреден 1,7 милиони долари за реконструкција на базенот пред Меморијалот на Линколн на лице блиско до Трамп, без јавен тендер.
Поранешниот претседател го обвини Трамп и за нарушување на односите со сојузниците и за слабеење на НАТО.
„Тој го наруши угледот на Америка во светот повеќе од кој било претседател во историјата“, изјави Бајден.
Неговите коментари доаѓаат две години по телевизиската дебата со Трамп, по која Бајден се повлече од претседателската трка во 2024 година, а Трамп подоцна освои втор мандат во Белата куќа. објави Скопје1.мк






