Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот започнат пред две години и дека е неважно замената на луѓе во ресорите  зашто тоа, според него, за граѓаните ќе нема бенефит.

– Континуитет на осиромашување на земјата, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа додека регионот оди напред и напредува. Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто што е небитно. Граѓаните нема да видат апсослутно никаков бенефит од оваа влада којашто ја води Христијан Мицкоски, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Според него, сè ќе биде статус кво, односно, рече, „квалитетот на животот на граѓаните ќе се намалува и во државава ќе биде сè потешко да се живее, посебно од септември кога ќе почнат есенските месеци“.

Back to top button
Close