СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ

– Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече.Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство – кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието, се вели во реакција на СДСМ на прес-конференција на Антонијо Милошоски, која МИА ја пренесува интегрално.
Човек со бугарско државјанство нема легитимитет да одлучува за изборните правила на македонската држава.
Она што денес го гледаме е паника во редовите на ВМРО.
Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори.
Со реформската агенда не направија ништо. Мицкоски лично вети дека сè од реформите ќе биде завршено до 1 Јуни.
Како изгледаат нивните „реформи“, јасно покажува фактот дека реформскиот закон за Судски совет, Европа го врати на повторно реформирање.
Така изгледаат реформите кога ги спроведува организирана криминална група.
Сега, за неисполнувањето на обврските кон ЕУ, повторно бараат алиби кај опозицијата поточно кај СДСМ, како единствена вистинска опозиција.
За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон, СДСМ уште денес ќе поднесе амамдмани кон текстот на истиот.
Сè што прави ВМРО-ОКГ е криминал, па така и овој закон.
ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски е целосно урнат поради секојдневните лаги, пари нема, па единственото што им преостанува е да ги забрзаат предвремените избори.
Законот за техничка влада го укинаа на сила, без консензус. Сега го прават истото и со Изборниот законик.
Наместо да ги решаваат најважните точки од реформската агенда, повторно прават претстава.
Сè е еден голем театар со веќе познати глумци и нивните сателити.






