Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Т.А. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Според пријавата, на 22 јуни, К.Б. (26) од Турција, кој привремено престојува во Штип и е студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека професорката од него побарала 300 евра за да положи испит што требало повторно да го полага на 29 јуни.

Во координација со Основното јавно обвинителство Штип биле преземени соодветни мерки, при што на студентот му биле предадени три криминалистичко-технички обработени банкноти во апоени од по 100 евра

Back to top button
Close