Надбискупијата во Сан Франциско ќе исплати 395 долари отштета на 530 жртви на сексуална злоупотреба
Католичката надбискупија во Сан Франциско се согласи да исплати 395 милиони долари на повеќе од 500 деца жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците.

Како дел од судската спогодба, надбискупот во Сан Франциско, Салваторе Кордилоне ќе мора да напише и писмо со извинување на секоја преживеано лице.
Спогодбата предвидува и исполнување на 14 барања за заштита на децата и транспарентност, кои вклучуваат одржување и објавување на сеопфатен, ажуриран список на сите обвинети свештеници со детали за обвинувањата и резултатите од истрагите.
Адвокатот на десетина жртви, Џеф Андерсон најави и независен процес за процена на надоместокот за секоја жртва врз основа на околностите на секој случај.
Неколку католички надбискупии во Калифорнија се соочија со голем број тужби изминатите години, откако промената на законот од 2019 година дозволи поднесување барања за отштета дури и за случаи стари со децении.
Надбискупијата во Лос Анџелес во 2024 година се согласи на рекордна спогодба од 880 милиони долари.






