По закани на социјалните мрежи, предизвикал пожар во дворот на вонбрачната партнерка
СВР Штип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Д. од Штип поради сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај годинава пријавениот преку социјална мрежа упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка.
По упатените закани, тој со употреба на запалива течност предизвикал пожар во дворот на нејзината куќа.
Од МВР информираат дека против него е поднесена соодветна кривична пријава.






