Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во општина Дојран и сè уште е активен – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско возило.
Од ЦУК – Гевгелија информираат дека гори деградирана шума и прнар, а поради ветер, пожарот се шири во повеќе насоки. Засега не е преминат на територијата на соседна Грција, но е во непосредна близина на границата.
Грчките медиуми од соседен Кукуш веќе известија за пожарот кој е видлив и од нивната граница.






