ВМРО-ДПМНЕ: Со имплементацијата на системот „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни мерки кои даваат конкретни резултати. Проектите и мерките кои се импламентираат даваат мерливи резултати како што е случајот со имплементацијата на системот „Безбеден град“ каде за 40% има намалување на бројот на загинати во сообраќајки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

За само пет месеци, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти или од 55 жртви во истиот период минатата година, на 33 оваа година.
Ова е директен резултат на политиките што ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и имплементацијата на системот „Безбеден град“.
Додека СДС со години само зборуваа за безбедност во сообраќајот, денес има конкретни мерки и конкретни резултати. Секој спасен човечки живот е доказ дека системот функционира.
„Безбеден град“ веќе е воведен во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и на коридорите 8 и 10, а продолжува неговото проширување и во останатите градови низ државата.






