Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Краткото невреме проследено со силен дожд и ветер, кое го зафати Струмичко попладнево, предизвика неколку пожари во кои интервенираа тимови на ТППЕ Струмица во селата Моноспитово, Куклиш и Градско Балдовци каде имало запалено електричен столб и кабли, а на улица „Климент Охридски“ е интервенирано на запалено електрично броило, информираа струмичките пожарникари.
Во населеното место Банско, пак, е интервенирано на отстранување на паднато дрво на патот, а во село Дорломбос на шумски пожар.
Од ТППЕ Струмица посочуваат дека пожарите биле навремено локализирани и целосно изгаснати, со што е спречено нивното понатамошно ширење и предизвикување поголема материјална штета.
Според информации од селата под планината Беласица од градот се оштетени посеви на отворено во Колешино и Борисово засеани со лубеница, но и во други села каде ветрот предизвика штета на пластеници






