Зеленски изјави дека разузнавачки податоци покажуваат дека Русите планираат уште еден масовен напад

Русија планира да изврши голем напад врз Украина подоцна во текот на денешниот ден, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во Даблин, за време на неговата посета со која се одбележа преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Ирска.
Русија изведува масовни напади со стотици беспилотни летала и десетици ракети од различен тип на секои една до две недели, изјави украинскиот лидер, пренесе ДПА.
– Денеска има непријатни информации за следната подготовка за ваков масовен руски напад – рече Зеленски.
Тој додаде дека ќе се врати во Украина веднаш по прес-конференцијата и ги повика граѓаните во својата земја да ги почитуваат предупредувањата за воздушни напади и да побараат засолниште.






