ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд кон Црна Гора, Албанија и Македонија

ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд за Западен Балкан кон земјите што се предводници во процесот — Црна Гора, Албанија и Македонија — бидејќи другите земји тешко ги исполнуваат реформските рокови, објави „Еуроњуз“.

 

Европската комисија планира да ги прераспредели средствата од инструментот создаден за финансиски да ги поттикне земјите од Западен Балкан да ги спроведат реформите потребни за членство во ЕУ, во корист на земјите „предводници“, изјавија за „Еуроњуз“ двајца претставници на ЕУ

Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан беше воспоставен во 2024 година со цел да им обезбеди финансиска поддршка на земјите кандидатки од регионот, но под строги услови, пред сè спроведување на реформите неопходни за пристапување во Унијата. Инструментот го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година, со амбиција во следната деценија да се удвои големината на економиите на Западен Балкан.

Сепак, според податоците на самата Европска комисија, досега од инструментот се исплатени само околу 673 милиони евра, од вкупно достапните 6 милијарди евра. Речиси сите исплатени средства завршиле кај само три од шесте земји кандидатки

Back to top button
Close