Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пренесен во Клиничката болница во Штип, откако, според пријавата, бил жртва на силување од друг затвореник.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничката болница било пријавено дека кај нив е донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко.
Според пријавеното, тој бил силуван од 59-годишен осуденик од струмичко.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.






