Се запали багер во круг на фирма за отпад во Шуто Оризари

Работна машина – багер била опожарена во кругот на фирма за отпад на подрачјето на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен на 1 јули во 22:35 часот во СВР Скопје. На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.

Back to top button
Close