Пијана кичевчанка ја нападнала малолетната ќерка – уапсена е

Четириесетгодишна жена од Кичево е лишена од слобода откако во алкохолизирана состојба физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 16:20 часот на улицата „Иван Трпески“ во Кичево била приведена Ј.С.(40) од Кичево.

Според полицијата, претходно било пријавено дека во семејниот дом, додека била под дејство на алкохол, таа физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

По целосното документирање на случајот, против жената ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close