„Титан-Усје“ ќе објавува дневни податоци за емисијата на честици преку нова платформа
Скопската цементарница „Титан-Усје“ соопшти дека од денеска е достапен нов портал за животна средина на компанијата, на кој граѓаните ќе можат да пристапат преку електронската адреса https://envi-platform.usje.mk/mk/.

Воведувањето на порталот, како што се наведува во соопштението, е заради зајакнување на транспаретноста и градење цврсти реалции со јавноста и со сите засегнати страни во врска со работењето на компанијата. Во таа насока, на платформата, велат оттаму, ќе бидат достапни податоците за работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релеватни материјали.
„Дополнително, за се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг. Компанијата има 24-часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редеовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше до медиумите еднаш неделно“,се наведува во соопштението од „Титан-Усје“.
Покрај тоа, додаваат оттаму, на новиот портал за животна средина ќе можат да се најдат информации за активностите на компанијата во различни области од животната средина, како континуирани инвестиции и примена на иновации во процесот на работа, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатува и информации поврзани со алтернативните горива.
Новата платформа, велат од компанијата, е дополнителен канал за отворема и транспаретна комуникација со јавноста.

На порталот, како што посочуваат од „Титан-Усје“, граѓаните и сите засегнати страни ќе имаат можност и за директно поставување прашања или да побараат дополнителни информации за различни области поврзани со работењето на компанијата.
„Ќе бидат објавени и студиите што компанијата ги спровела во различни области, други материјали и корисни линкови од областа на животната средина“,се додава во соопштението.
Порталот за животна средина, наведуваат од скопскат цементарница, постојано ќе се надоградува со нови информации, а на него ќе биде поставен и новата А интегрирана дозвола.
„Како одговорен член на заедницата „Титан-Усје“ останува посветена на креирање на одржлив развој во интерес на сите засегнати страни“,велат од компанијата.






