Моџтаба Хамнеи нема да оди на погребот на татко му поради закани за ликвидација


Моџтаба Хамнеи – синот на убиениот ирански врховен водач Али Хамнеи нема да присуствува на погребот на својот татко поради сериозни безбедносни закани, потврди претставник на иранското религиозно раководство во Индија.

Ајатолахот Хаким Елахи изјави дека одлуката е донесена поради, како што изјави, континуираните закани од израелските претставници насочени кон иранските лидери, проценувајќи дека неговото присуство би претставувало голем безбедносен ризик.

Тензиите меѓу Техеран и Тел Авив дополнително ескалираа откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Хамнеи е „обележан за смрт“, на што Иран одговори со силна порака.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потоа предупреди дека секоја нова закана кон иранското раководство ќе биде дочекана, како што рече, со „силен одговор“.

Али Хамнеи е убиен на 28 февруари во операција на американските и израелските сили на почетокот на војната против Иран.

Back to top button
Close