Зеленски се залага ракетите за системот „Патриот“ да се произведуваат во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на воспоставување домашно производство на ракети за противвоздушниот систем „Патриот“, по големиот руски напад врз Киев во кој беа убиени 27 лица.
„За да сигурно ги заштитиме животите нам ни треба сопствено производство“, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, осврнувајќи се на европските производствени проекти во Украина или на партнерските проекти на Киев со сојузничките земји.
Западните сојузници ја снабдија Украина со противвоздушни системи, вклучувајќи американски батерии „Патриот“ и германски системи „ИРИС-Т“. Но, ракетите што ги користат овие системи се скапи и нема доволно од нив.
Војната со Иран, иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп и Израел, дополнително ги влоши залихите, а глобалната побарувачка за напредна противвоздушна муниција се зголеми.
Зеленски рече дека се надева оти Вашингтон ќе ѝ даде на Украина лиценца за домашно производство на „Патриот“.
Украинското Министерство за одбрана вчера го опиша пресретнувањето на руските балистички ракети како голем предизвик поради намалените залихи на ракетите пресретнувачи „Патриот“.
Министерството изјави дека министерот за одбрана Михајло Федоров неодамна контактирал со речиси 40 земји-партнери и побарал од нив да испорачаат ракети „Патриот“ од нивните постоечки залихи во замена за идни, веќе договорени пратки.






