Апасиев до претседателот на Уставниот суд: „Не ви е голема биографијата, туку стомакот“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, доведувајќи ги во прашање неговите академски квалификации и професионално искуство.

Апасиев оцени дека во „нормална држава“ професорите стануваат уставни судии, а не обратно, додавајќи дека, според него, објавените четири научни труда не претставуваат биографија што заслужува почит во академската заедница.

Во објавата тој прави споредба со уставни судии од регионот, за кои тврди дека имаат десетици трудови објавени во меѓународни научни списанија, оценувајќи дека актуелниот претседател на Уставниот суд е далеку од тие стандарди.

 

Апасиев, исто така, наведе дека мемоарите и искуството стекнато како кабинетски службеник кај поранешни претседатели на државата не можат да се сметаат за научни трудови, туку, како што наведува, станува збор за публицистички дела.

ПОЧИТУВАН СУДИЈА – НЕ ВИ Е ГОЛЕМА БИОГРАФИЈАТА, ТУКУ СТОМАКОТ

🧑‍⚖️ Ќе му објасни ли некој на овој вмровски чиновник ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ – актуелен претседател на Уставниот суд, дека во “нормална држава” професори стануваат уставни судии, а не обратно!

😱 И дека објавени само 4 труда не е никакво професионално CV за почит во академската заедница. Друже, не оди подалеку – па само во регионов имаш УСТАВНИ СУДИИ со над 70 труда во меѓународни списанија! Далеку си ти од тие станда

See more

 

 

Back to top button
Close