ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот

Три активни пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13:00 часот, соопшти Центарот за управување со кризи.
Како што се наведува во соопштението, активни пожари има во село Неокази, општина Пробиштип, каде гори ниска вегетација, во општина Штип во местото викано „Исар“, централно градско подрачје (ниска вегетација) и во селото Новоселани во општина Чешиново-Облешево (ниска вегетација).






