Лишен од слобода 28 – годишен виничанец, кај него се пронајдени марихуана и остатоци од бела прашкаста материја

Полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода М.Е. (28) од Виница, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени марихуана, банкнота со остатоци од бела прашкаста материја и дробилка, информираат од СВР Штип.

Претресот бил извршен врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во Виница. При личен претрес на М.Е., полицијата пронашла и одзела и бела прашкаста материја.

Од СВР Штип соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close