Активист од Тибет почина откако се самозапали пред седиштето на ОН во Њујорк

Тибетански активист почина откако вчера се запали пред седиштето на Обединети нации во Њујорк. Неговото самозапалување е во знак на протест и повика на независност на Тибет.

Полицијата вчера попладне пронајде маж со тешки изгореници, но не го откри неговиот идентитет ниту мотивот.

Според медиумите на тибетанската заедница во егзил починатиот Лобги Рангзен, кој пред да се самозапали повикал на независност и единство на Тибет.

Тибетанците и во минатото се самозапалувале како форма на политички протест против кинеската политика кон Тибет. Кина ја презеде контролата врз Тибет во 1950 година, опишувајќи го како „мирно ослободување“ од феудалниот систем.

Меѓународните организации за човекови права и тибетската заедница во егзил го обвинуваат Пекинг за репресија во тибетските области, додека кинеските власти ги отфрлаат таквите обвинувања.

Во Кина неделава стапи во сила нов новиот Закон за етничко единство на Кина, со кој, како што тврди Пекинг, има за цел да промовира заеднички национален идентитет и етничко единство.

САД и Европска Унија претходно изразија загриженост за новиот Закон за етничко единство во Кина.

Критичарите тврдат дека Законот му дава на Пекинг правна основа да ги таргетира етничките малцинства, вклучувајќи ги Тибетанците и Ујгурите, како и луѓето надвор од Кина.

Back to top button
Close