Дел од Центар денеска неколку часа ќе биде без струја

Според информациите од ЕВН Македонија, денес (4 јули) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Центар.
Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците на булевар „Кочо Рацин“ бр. 28/1 во Општина Центар.
Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги имаат предвид најавените прекини и навреме да ги планираат своите активности, објави Скопје1.мк






