Четири пожари регистрирани до 13 часот, два сè уште активни

До 13:00 часот денеска, на територијата на државата се регистрирани четири пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во велешкото село Црквино, каде што гори деградирана ниска вегетација, а на терен интервенираат пет пожарникари со две противпожарни возила.

Вториот активен пожар е кај прилепското село Царевиќ, каде што е зафатена ниска вегетација во шумски предел. Кон местото на пожарот се упатени екипи на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Под контрола е ставен пожарот во селото Нов Караорман, Општина Карбинци, каде што гореле жито и деградирана ниска вегетација.

Во меѓувреме, целосно е изгаснат пожарот кај селото Кучково, во Општина Ѓорче Петров, каде што била зафатена деградирана ниска вегетација, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close