До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворено, еден сè уште е активен

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во атарот на селото Белица во Општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста вегетација.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што гореше ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Кучково во Општина Ѓорче Петров, селото Црквино во Општина Велес, селото Црвени Брегови во Општина Неготино, селото Стојаково во Општина Богданци, селото Добрејци во Општина Струмица, кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Општина Крива Паланка, кај селото Царевиќ во Општина Прилеп, кај селото Нов Караорман во Општина Карбинци и кај селото Смојмирово во Општина Берово, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close