Земјотрес од 3,6 степени регистриран меѓу Грција и Албанија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 17:07 часот е регистриран на границата меѓу Грција и Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил на околу 30 километри североисточно од Игуменица, на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

Back to top button
Close