Oдработува ли и кој „подземно“ а кој по „инструкции “ за Мицковски. Филипче и Игор Шема во „клинч“

Игор Ивановски -Шема еден од организаторите на тнр Платформа 12. 05 која во средата таинствено се одржа во Скопски Лимак ,го негира впечатокот на медиумите дека стартот на Платформата им бил таинствен,со двајца новинари но без дозвола да ги цитираат дискутантите. Не беше ништо тајно од дебатата објавивме соопштение ги наведовме лицата кои ја сочинуваат Платформата и објавивме и фотографии вели Шема.
Тој во гостувањето во Дневникот на тв Сител негираше дека зад ова како „ментор“ стои Бранко Црвенковски признавајќи дека иако важат за „деца“ на БЦ биле негови но и на Шекеринска, Бучковски,и во нивно време биле функционери во пратијата и пратеници. Ние не сме и не ни е целта да бидеме ни Знам ни претходно НСДП туку засега сакаме во јавноста да споделуваме наши ставови за економијата, политиката, за владеењето во неа,оти вака како што е имаме слаба власт со министри без перформанси но и со таква власт имаме уште послаба опозиција.. Јас и сите ниие сме СДСМ,ниту сакаме нити ќе правиме друга партија ,јас од 17 години сум СДСМ.
Ивановски проблемот за слабата СДСМ во опозиција ја гледа во актуелниот председател Филипче.
Јас знам дека, и за тоа немам поинакво мислење, да, Венко Филипче е одличен хирург, да не кажам најдобриот, тоа не е мое да го судам нели, и тоа мислење го имам сè уште, тој секогаш сака да помогне, но јас и во изминатиот период и сега јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат да говорам за него како претседател на СДСМ, тој во таа улога не може да се снајде. Дали е поради немање капацитет, дали е незнаење, што е легитимно, но можеби и несакање. Јас мислам дека е ова последното – рече Ивановски.
Тој или незнае не е вешт или несака да води јака партија. Јас мислам дека е второто,несака односно има подземен договор со Мицковски да не таласаат и така да си купуваат слобода за него и за групата околу него и власта да не ги чепка а залог да биде партијата. Тој тврди дека на председателот Филипче му укажувле, му предлагале како да се дејствува, што треба да прави СДСМ,тој секогаш се согласувал но на крај правел обратно од советите што му ги давале.

Отфрла дека се инструирани од лица познати во политиката и бизнисот да атакуваат на СДСМ, но тој отворено кажа дека не на СДСМ туку лично тој кажува дека проблемот е председателот Филипче и групата околу него и нивниот договор со Мицковски за „купување слобода“.
Ваквото отворено атакување на Ивановски кон Филипче е најверојатно „вратка“ за нападот врз Платформата и лично врз него дека се „купени“ од Мицковски за ситнење и фрагментирање на опозицјата по моделот кој го применува Вучич , сега кога проектот Знам им тоне им треба нова структура која ке работи на нови поделби во СДСМ.
Иванов беше воздржан околу следните чекори на Платформата освен дека ке продолжат со вакви дебати како петочната прва во Лимак ке даваат предлози,ке критикуваат а рано е како што рече за нешто повеќе засега..
Прашан кој би бил лидер/ка доколку решат да прават партија и дали тој се гледа на чело на тоа што и да е,платформа,фракција или партија одговори дека тие се СДСМ и ништо друго и ке дејствуваат засега хоризонтално односно Платформата ке ја ширеле со нови лица кои ке им се приклучат.






