Струмичките пожарникари апелираат да не се палат депониите, пожарите се последица на човечка несовеснот


Пожарите на дивите депонии не се случајност – тие се последица на човечка несовесност, апелираат од ТППЕ Струмица и притоа појаснуваат дека во изминативе денови пожарникарите интервенирале при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија.

-Ваквите интервенции бараат голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси, кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот. Горењето на отпадот ослободува штетни и токсични гасови кои го загадуваат воздухот, ја загрозуваат животната средина и претставуваат сериозен ризик за здравјето на граѓаните. Дополнително, постои опасност пожарите да се прошират кон обработливи површини, шуми и објекти, се наведува во апелот на ТППЕ Струмица.

Оттаму апелираат до сите граѓани да постапуваат совесно, да не палат отпад и навремено да пријавуваат забележан пожар, бидејќи само со заедничка одговорност може да се заштити природата, здравјето и безбедноста на сите.

Back to top button
Close