Песков: Русија ќе воспостави тампон зона долж границата со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона долж границата со Украина, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на киевскиот режим“.

„Почнувајќи од агресивната природа на киевскиот режим, за да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, ќе мора да воспоставиме безбедносна или тампон зона. Таа се формира според планот. Нашите сили веќе постигнаа значителен напредок и никој не треба да се сомнева дека оваа зона ќе биде воспоставена до степен потребен за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков за телевизијата „Вести“.

Тој додаде дека руските сили продолжуваат да напредуваат и дека резултатите од тој процес, како што изјави, се видливи на терен.

Песков го наведе „ослободувањето на Констјантинивка“ како еден од примерите, оценувајќи дека тоа е „многу значајна линија“ и важен чекор кон преземање контрола врз, како што рече, утврдената област Краматорск и Славјанск.

Back to top button
Close