На темата нелегални финансиски текови.
Една илустрација која зборува за заробената држава и непреченото изнесување на пари преку јавни набавки. Ова се е документирано и предадено на Јавното обвинителство во 2012 година, но обвинителството молчи. Зошто?

Впрочем, како и за севкупниот организиран финансиски криминал. Споменикот на Никола Карев (на сликата подолу) кој се наоѓа пред Собранието според документите е изведен во мермер?! Платен е 830.000 евра. Во реалноста како што сите можеме да видиме споменикот е во бронза. Мермерот е 10 пати поскап од бронзата. Каде се парите? Ова е типичен пример за кражба на пари од буџетот но и за заробена држава. Имаше и специјално обвинителство и смена на власта, ама НИКОЈ не одговарал. Корупцијата ни ја зароби државата. Мораме да бараме одговорност и од тие што краделе но и од оние што не водат остапка кога имаат се што треба за овој организиран криминал.
Слаѓана Тасева






