Исклучена e струјата и водата во дел од Кисела Вода по големиот пожар во магацин

Откако голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето.
Густ црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.






