Гаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето


Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик.

На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива.

– Јас сум за електронско гласање, дури и сум и кај нас да се овозможи електронско гласање, но не знам кога би било тоа така. Тоа е мое лично мислење – рече Гаши.

Гаши одговарајќи на новинарско прашање рече дека смета дека треба и кај нас да се овозможи вакво гласање, за да не се наруши еднаквоста при гласањето,

-Во неколку земји таа практика е функционална и има позитивни примери за тоа. Ако веќе плаќаме сметки преку банка, средства уплаќаме и се е електронско…Прашав и неколку ИТ експерти дали може да се обезбеди приватност и безбедност во гласањето, ми тврдат дека тоа може да се направи, но за тоа треба политичка волја – рече претседателот на Собранието.

Гаши вели граѓаните да гласаат слободно по убедување. – Ние треба да се стремиме кон тоа да овозможиме таков Изборен законик кој ќе ни овозможи граѓаните да гласаат фер, демократски и волјата на граѓаните да се изрази преку изборите. Тоа е смислата на демократијата – рече Гаши.

По денешната редовна полнеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи, тој информираше дека на 13 јули е седницата за реконструкција на Владата, која треба да трае два дена, а новите членови на Владата ќе се гласаат поединечно.

На 15 јули е закажана нова седница на која се и опозициските прашања.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае до 8 јули, кога почнува разгледувањето на амандманите. Поднесени се 224 амандмани и тоа најмногу од ДУИ 90, СДСМ има поднесено 78, Левица 51 и ВРЕДИ пет. Ребалансот на Буџетот треба да се најде на седница на 23 јули.

На 30 јули е седницата за пратенички прашања, последна пред летниот одмор на пратениците.

Во Собранието утре официјално ќе биде промовиран Етичкиот кодекс на пратениците, работен заедно со ОБСЕ.

Во текот на овој месец и следниот ќе се работи на уредување на паркингот на Собранието. – Идејата е да завршиме што побрзо да се заврши процесот на партнерно уредување на паркингот – рече Гаши.

На Илинден, Гаши годинава ќе се обрати во Крушево.

Back to top button
Close