Двајца скопјани уапсени за вчерашниот пожар во Кисела Вода


Полицијата уапси две лица поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тие се осомничени дека истиот ден околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“, кај „Рампа“, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close