Анкета: Американците немаат доверба во НАТО, а граѓаните од земјите-членки поповолно глeдаат на Русија и Кина

Интерната анкета на НАТО покажува дека помалку од половината Американци веруваат дека НАТО ќе им помогне на САД во случај на напад, а во дел од балканските држави во пораст е поддршката за Русија и за Кина.

На прашањето дали НАТО би го исполнил ветувањето дека ќе и помогне на нападната држава, 43 отсто од испитаниците во САД позитивно одговориле, додека процентот во другите земји-членки просечно изнесува 57, наведува бриселскиот портал Политико, кој имал увид во резултатите од анкетата.

Според експертите, падот на довербата во НАТО помеѓу Американците се должи на критиките на претседателот на САД, Доналд Трамп кон земјите-членки на Алијансата кои не ја поддржаа војната против Иран.

– Тоа би можело да биде реакција на реториката на Трамп, што ја доведува во прашање солидарноста со клаузулата за заемна одбрана од Член 5 на НАТО, изјави независната експертка за безбедност и поранешна претставничка на НАТО, Герлинде Нихус.

Анкетата покажува и дека 62 отсто од испитаниците во сите 32 земји-членки на Алијансата, веруваат дека НАТО ја намалува веројатноста нивната земја да биде нападната, додека 65 проценти одговориле дека би гласале нивната држава да остане во сојузот.

Вкупната поддршка за трансатлантските односи исто така останува висока, при што 72 отсто од нив го опишуваат односот како важен.

Анкетата, исто така, покажа поповолни ставови на граѓаните на земјите-членки на НАТО кон Русија и Кина.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека граѓаните на сите земји-членки на НАТО имаат попозитивен став кон Русија и Кина.

Поволно мислење за Русија имаат 17 отсто од испитаниците, додека таков став минатата година имале 12 проценти. Најголема поддршка за Москва, според Политико, имаат граѓаните на Црна Гора, Бугарија, Северна Македонија, Турција и Грција.

Само 22 отсто од граѓаните на сите земји-членки на НАТО позитивно гледаат на Кина, додека нивниот процент лани беше 17. Поддршката за Пекинг е најголема во Северна Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Турција.

Според Ниехус дека поголемата поддршка за Русија и за Кина може да се објасни со тоа што европската јавност поповолно гледа на двете држави како одговор на ставот на Трамп.

– Мора да се погледне контекстот на падот на угледот на САД и најверојатно ефектот на руските дезинформации и пропаганда врз граѓаните на НАТО, истакна Нуехус.

Анкетата е спроведена во март и април, во која учествувале повеќе од 31.000 испитаници.

Back to top button
Close